Слободата како вредност не треба да разрушува, туку да создава

Извор:

Зборувајќи за вистинската вредност на слободата, претседателот на Одделот за односи на Црквата со државата и медиумите, Владимир Р. Легоида, го изрази своето мислење во врска со слободата во творештвото, бидејќи слободата како вредност, всушност, треба да создава. Тој додаде дека во сферата на творештвото, како и во животот воопшто, многу е важно прашањето за човечката слобода, нејзината содржина и нејзините пројави.

„Слободата е својство со кое сите разумни созданија – ангелите и луѓето – се подобни на Творецот. Од една страна, токму слободата го довела човекот до гревопад, од друга таа му дава можност да се уподоби на Бога, нешто за кое секој од нас има потенцијал“, објасни тој.

„Уметникот создава дело, пројавувајќи го својот внатрешен свет. А што има во тој свет? Желба за творење, за љубов, за сведочење на добродетелите, правдата и вистината? Или стремеж за уривање и потсмевање, за умножување на пороците и оправдување на гревот?“, праша В. Р. Легоида.

Притоа Црквата не ја одрекува, туку напротив, ја поддржува самата творечка слобода. Како доказ тој го наведе нејзиниот толерантен став да не се наметнуваат строги норми коишто ќе бидат обврзувачки за секоја конкретна книга, претстава или филм. Исклучок од тоа правило се само случаите на очигледно исмевање со Светињите.