Објави од Свети Ефрем Сирин
Поучни словa
Свети Ефрем Сирин
Недела вечер Како да стојам пред страшниот престол Твој, Господи, и осудата и разобличувањето на моите дела ја гледам, и Твојот прекор, кој од Твоето светло лице мене, бедниот, ме оддалечува, и во неподносливи маки ме фрла. И како што тогаш би те повикал, така и сега со страв и солзи кон Тебе повикувам: „Праведен…
Поучни словa
Свети Ефрем Сирин
Сабота вечер Дури сега, во денешниов ден, со посрамен образ наведнат кон земјата, се осудувам да ти се обратам, Владико на Ангелите и Творецу на сите; а јас, земја и пепел, потсмев на луѓето и презир на народот, навистина црв, а не човек (Пс.21,6); боледувам цел обземен од немарност, заслужен за секаква осуда. Како да…
Поучни словa
Свети Ефрем Сирин
Петок вечер Душата во жал за Тебе, Владико свети, Ти приоѓа, со солзи жалба против лутиот непријател ти принесува, и со смирение пред Тебе припаѓа, барајќи да ја заштитиш од непријателот кој ја притиска. И бидејќи со незапирлива молба Ти доаѓа, Ти брзо услиши ја, и неа која со љубов Ти приоѓа, со грижлива заштита…
Поучни словa
Свети Ефрем Сирин
Четврток вечер Еве, повторно, пред дверите на мојот Владика паѓам, молејќи и барајќи, поклонувајќи се и со страв повикувајќи. Зашто за слугата којшто пред својот Владетел згрешил, подобро е да не бега од Неговите раце, туку да остане во Негова власт. Приклони го Владико, Своето уво, слушни ја мојата тага и прими го гласот на…
Поучни словa
Свети Ефрем Сирин
Среда вечер Љубовта ме тера да Му се обраќам на Бога, а недостојноста моја ме убедува да молчам. Мачна болест ме принудува да говорам, а гревовите ме тераат да останам нем. Душата ми боледува, а очите мои копнеат по солзи. Согреши, душо моја, покај се. Зашто, еве, дните наши минуваат како сенка. По страшни и…
Поучни словa
Свети Ефрем Сирин
Вторник вечер Тешко мене, каква осуда си навлеков и каков срам ме снајде! Мојата внатрешност не е како надворешноста, зборувам за бестрастие, а дење –ноќе мислам на гнасните страсти; почнувам разговор за непорочноста, а во мислите се занимавам со нечистотии. Тешко мене, какво испитување ми претстои. Зашто јас, всушност, имам побожен изглед, но не и…