Благодатниот оган – чудо на Христовиот Гроб

Чудото на светлината на Воскресението на гробот на Исус

Седумдесет историски објаснувања (4 – 16 век)

Holy Fire – The Miracle of the Light of the Resurrection at the Tomb of Jesus

Слегувањето на Светиот Оган на Христовиот гроб, секоја Света Сабота е единствениот чудесен настан во историјата на човештвото, кој се одржува секоја година истиот ден повеќе од еден и пол милениуми. Покривајќи период од тринаесет векови (4-16 век), овие теми од оваа книга ги опишуваат историските извештаи за преславниот настан.

Седумдесет автори – четиринаесет француски, девет англиски, седум византиски Грци, шест Германци, пет Ерменци, пет муслимански Арапи, четворица Италијанци, четири Персијци, тројца Руси, тројца Исландери, двајца Египќани, двајца Халдејци, еден Сириец, еден Молдавец, еден Белгиец, еден Австриец и еден Швајцарец – го опишуваат најголемото чудо на христијанскиот свет: Светиот Оган (т.е. Светлината на Христовото Воскресение) што се појавува секоја Света Сабота на гробот на Исус, неколку часа пред прославата на неговото воскресение.

Освен тоа, научните мерења што беа направени во гробот на Исус во Света Сабота во 2008 година од страна на вонредниот професор Анри Волков, го потврдуваат слегувањето на Светиот оган и откриваат три феномени, кои тој ги карактеризира како „неверојатни и целосно необјасниви“.

Темите од оваа книга, исто така, вклучуваат и историска и археолошка студија во врска со оригиналниот изглед на Исусовата гробница и карпата на Голгота, како и серија цртежи за реконструкција на двете локации, како што изгледале во 33. н.е.

За авторот:

Charalambos K. Skarlakidis

Charalambos K. Skarlakidis е роден во градот Драма во Грција во 1971 година. Дипломирал на Факултетот за архитектура на Универзитетот „Аристотел“ во Солун и работи во Атина како архитект и учител на компјутерски програми за дизајн. Исто така е ангажиран во историски истражувања. Оваа книга ги собира сите значајни историски сведоштва за чудото на Светиот оган од 9 до 16 век, дополнети со коментари и илустрирани со планови, цртежи и фотографии од ракописи од најважните библиотеки во Европа.

Содржина: