Недела трета од Пасха.
На светите жени Мироносици
рвите човечки усни кои ја објавија серадосната вест за Воскресението на Спасителот Господ Исус Христос беа усните на жените Мироносици, оние чиишто души беа миросани со бескрајната љубов Христова. Тие во првиот ден од седмицата дојдоа на гробот многу рано (Марко 16,2) да го помажат мртвото Тело на Бесмртниот, но наместо тоа, тие беа од Него помажани со воскресенскиот елеј на радоста. Светејќи силно со тој небесен елеј, станаа првите благовесници на славното Воскресение, соопштувајќи им ја радосната вест на Апостолите.
О, колку е чудесна, неискажлива и преубава Божјата промисла што уредила токму во оваа Недела на Мироносиците, тие преблагословени души што први ја превозгласија веста за Воскресението, да се случи ова денешно торжествено собитие, кое на сите им го објавува воскресението на Свети-Јовановиот дом крај Радика, на бисерот на Охридската Архиепископија, на древното Бигорско светилиште. После пет и половина години од огнената Голгота во 2009 година, после толку многу страданија, молитви, солзи и труд на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, на нашето монашко братство и сестринство и на бројното бигорско духовно стадо, најпосле беа осветени новоизградениот конак Источен Палат и речиси целосно возобновениот Горни Палат. Всушност премудриот Бог си го предвести ова Бигорско воскресение уште тогаш кога го допушти огненото искушение, одбележувајќи го со чудо кое денес ни се откри: среде сето она што изгоре, единственото нешто кое ја преживеа огнената стихија и кое архитектите Искра и Владо Лековски го сочуваа за денес да му го предадат на нашиот Старец беа две обгорени страници од книга за Бигорски, на кои јасно се гледа дел од живописот во Големата трпезарија со Воскресението Христово и жените Мироносици во позадина, со ликот на Мајката Божја од другата страна. Другата, пак, страница носеше една поинаква порака: дека конакот кој изгоре ќе се обнови со посредство на светиот Јован Претеча, кој јасно беше претставен на задната страна, во ликот на својата чудотворна икона. Свечениот настан што го објави Бигорското воскресение, започна најпрво со света Архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г. г. Стефан, во сослужение со архиереите на МПЦ-ОА: нашиот надлежен митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, митрополитот Повардарски г. Агатангел и митрополитот Брегалнички г. Иларион, како и повеќе јеромонаси, свештеници и ѓакони. Молитвено учество на Божествената Литургија освен многубројниот верен народ, зедоа и повеќе државни претставници, меѓу кои и Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, ректорот на Универзитетот „Свв. Кирил и Методиј“, г. Велимир Стојковски, министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во РМ, амбасадорот на Руската федерација во РМ, г. Олег Шчербак, како и Високопреподобниот Архимандрит г. Евгениј, игуменот на Черногорскиот манастир „Свв. Козма и Дамјан“, близу Софија, со јеромонахот Никанор. Бидејќи храмот беше претесен да ги прими сите верници и гости, во дворот беше обезбеден и видео пренос од Литургијата.
Свечениот чин на осветувањето, кој беше внимателно следен од повеќе илјадниот народ што пристигна во манастирот, беше проследен и со церемонија на свечено доделување на црковни одличија и благодарници. Тоа беше единствен момент нашиот Старец, Архимандритот Партениј, најзаслужната личност за сеопштото бигорско воскресение, во своето духоносно слово да ги сподели со присутните верници и гости своите созерцанија, кои созреаја низ болката, утехата и радостите што се родија од искушението со пожарот. Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, со своето архипастирско слово за миг нѐ пренесе во оние тешки мигови, но потоа ни го посочи воскресението, истакнувајќи го Бигорски „како жив сведок и за вековите минати, но и за ова и за идното наше време“. Нашиот многупочитуван надлежен митрополит, г. Тимотеј, во оваа прилика во својата проповед го истакна ненадоместливиот придонес на Архимандритот Партениј, кој „како игумен на оваа света обител, заедно со неговото братство, подвизувајќи се веќе 20 години тука, се вградија како живи камења во возобновувањето на оваа свештена обител“. Како скромен дар за неговите заслуги, од негова страна на нашиот Старец му беше подарен граден архимандритски крст. За заслугите, пак, на сите оние кои помогнаа Бигорската светиња да се возобнови во полн сјај, манастирот приготви специјално одличие „Претеча“, кое со големи почести му беше доделено на Претседателот на РМ, г. Ѓорге Иванов, на Претседателот на Собранието, г. Трајко Вељаноски, на министерката за култура, г-ѓа Елизабета Канческа-Милевска, и на државниот секретар, г-ѓа Наташа Стоиманова. Сите тие го истакнаа Бигорското братство како позитивен пример на сплотеност и меѓусебна пожртвуваност, кој треба да го следи целото наше општество, особено политичарите. Митрополитот Повардарски, г. Агатангел, заблагодарувајќи се за орденот, особено ја истакна заслугата на Архимандритот Партениј и неговото братство како амбасадори на автокефалната Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. Голема радост кај присутните предизвика и изјавата на г. Ахмеди Зењељ, Македонец муслиман од с. Ростуше, срдечен пријател на Бигорскиот манастир, чијшто пример треба да го следат и останатите Македонци муслимани, особено младите. Тој трогнат до солзи и им порача на сите дека долги години е сведок на бројни значајни дела што беа направени од Старецот Партениј и братството, нарекувајќи ги „избраници на свети Јован“, и заклучи дека нема потреба ништо да додаде, бидејќи делата зборуваат сами за себе.
Покрај гореспоменатите, со одличието „Претеча“ се удостоија уште и:
– Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски,
– Министерот за финансии, г. Зоран Ставрески,
– Министерот за транспорт и врски, г. Миле Јанакиески,
– Академик, д-р Жан Митрев,
– г. Мартин Протуѓер,
– г. Кирил Божиновски,
– г. Оливер Шамбески,
– г. Александар Спасеновски,
– г-ѓа Анета Стојановска-Стефанова,
– г. Иво Јанкоски,
– г. Атанас Цветкоски,
– г. Андреј Куку, Лукоил,
– г-ѓа Маја Чаначовиќ, Македонска филхармонија,
– г. Мукрем Мехмеди, Градоначалник на општина Маврово-Ростуша
– г. Онер Јакупоски, Директор на ЈУ НП „Маврово“
– Полициска станица Ростуше,
– г-ѓа Ѓурѓица Лековска,
– г. Мише Клењовски,
– г. Вељо Ангелкоски,
– г. Предраг Мојсоски,
– г. Младен Матески,
– г. Сашо Наумоски, Витаминка Прилеп,
– г. Петре Русески, Русески дооел,
– г. Момчило Ивановски, Бонум,
– г. Бранко Дамјановиќ, Жито полог,
– г-ѓа Елпида Димитровска-Крстевска, Транскоп Битола,
– г. Сашко Андреев, Декор – АС,
– г. Живко Мукаетов, Алкалоид,
– г-ѓа Елена Пандева-Китрозовска, Елена Лука
– г. Трајко Леов,
– г-ѓа Виолета Јованоска,
– г. Русе Петрески
– г. Владимир Локвенец, Колгејт Палмоливе,
– г. Владимир Димовски
– г. Јохан Тарчуловски,
– г. Панајотис Сомалис,
– г. Киро Кипроски,
– г-ѓа Викторија Дулгерова
– г. Таки Стерјо,
– Јован Јовановски,
– проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ,
– г. Ламбе Алабаковски,
– г. Борис и г-ѓа Живка Фидановски.
– г. Кирил Божиновски.
Во продолжение ги спомнуваме имињата на оние коишто се удостоија од Свештената Бигорска обител да добијат благодарница заради своите заслуги:
– Искра и Владо Лековски,
– Тихомир и Калина Јакимоски,
– Ангеле и Марија Мицевски,
– г. Марјан Тошески, Нова Градба,
– г-ѓа Искра Ветаџокоска Муцунска, Виталија,
– г. Боро Хрисафов, Цементарница „Титан Усје“
– Дојран стил,
– СИЗ Македонија Америт,
– г. Хари Локвенец,
– г. Живко Пандев, Жикол
– г. Благој Илиевски,
– г. Младен Бошкоски, Грациа,
– Тихомир и Душанка Бојаџиеви,
– Синпекс,
– Синтек,
– Мебел Инженеринг, Штип
– г. Јорданчо Велков, Дизајн фантази,
– г-ѓа Милка Симоновска, Симилак,
– г. Дончо Манасијев,
– г. Дане Делов, Салмак,
– Град Скопје,
– Општина Битола,
– Општина Охрид,
– Општина Прилеп,
– г. Тодор Деловски, Кнауф,
– г-ца Маргарита Столеска,
– г. Јонче Николски,
– г. Дејан Симоновски, Дема стил,
– г. Миле Алексоски,
– г. Серафим Илковски, Енергомонт,
– г. Слободан Мицковски, Енергомонт,
– г. Димитар Андоновски,
– г. Васко Павлевски, Горила продукција,
– Џико Инженеринг,
– г. Љубомир Славковски,
– д-р Викторија Чалоска, Клиника за гастроентерохепатологија,
– г-ѓа Милица Ѓорѓиевска, Пекара „Специјал“,
– ЕМО Охрид,
– д-р Илче Милески,
– д-р Сашо Стојчев, Клиника „8-ми Септември“
– Мермерен комбинат Прилеп,
– Лабораторија Авицена,
– г. Илија Ѓорѓиевски, Мистер Фруит,
– г. Трајче Дамјаноски, Мистер Фруит,
– Емил и Зорица Ташевски,
– г. Владо Јовановски,
– МРТВ,
– г. Петре Никола,
– г. Ацо Стерјо и
– г. Тони Стојановски.