Светлината на Воскресението Христово, на вториот ден од победата над смртта, се огласува и болскоти споменот на Свети Георгиј Победоносец, Великомаченикот кој со лавовска храброст и со непоколеблива вера во Воскреснатиот ги победи силите на темнината и на смртта. Во овој благословен ден, кога се совпаѓаат радоста од Воскресението на нашиот Спасител и денот на почитта кон великиот заштитник на Христијаните, собранието на верните во Рајчица беше особено светло и полно со ликување.
Празнувајќи ги овие свети торжества, браќата монаси, сестрите монахињи и благоверните поклониците на Манастирот, собрани во слава и благодарност, му оддава достојна чест на Светиот Георгиј, војводата небесен, кој со својата жртва ја посведочи победата над смртта што Господ Исус Христос ни ја дарува на сите нас.
Во таа благословена хармонија што ја носеше оваа небесна средба меѓу Воскресението Христово и славниот спомен на Победоносецот, посебен мир оддаваше благиот ликот, полн со татковска љубов, на нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој, по пасхалната Утрена богослужба, го свештеноизврши тајноводството на Света Архиерејска Литургија. Гостољубието на сестрите монахињи и нивната широчина направи многубројните посетители, поклоници и верници силно да го почувствуваат вкусот на радоста небесна и благодатното присуство на Светот Великомаченик Георгиј.
Христос Воскресе!