Во пресрет на Христовото Воскресение – Велигден, во Бигорскиот манастир пристигна Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со својата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, сакајќи со браќата и сестрите и со многубројниот верен народ да ја споделат пасхалната радост и големата благодат што ја носи овој празник над празниците. Тој беше пречекан со големо достоинство од страна на нашиот старец, архимандрит Партениј, кој од името на целото братство му посака добра Пасха. Претседателот ќе ја има таа можност и чест да го пречека Благодатниот оган, кој и оваа година во организација на Бигорскиот манастир пристигнува од далечниот Ерусалим, од Гробот Господов, каде секоја година слегува на Велика Сабота. Освен во Бигорскиот манастир, на барање на митрополитот Иларион, Благодатниот оган им донесе благослов и на верниците од Брегалничката епархија, како и на сите оние кои по пат го пресретнаа, додека пристигнуваше во нашата света обител. Голема радост ни е што нашиот многупочитуван Претседател ќе присуствува на Пасхалното бдение и заедно со нас ќе се поклони на сеславното и најсвето Воскресение на Спасителот Исус Христос.

-
Прва недела од постот - Торжество на Православието
- 10 март 2025
-
Тодорова сабота
- 8 март 2025
-
(Видео) Првите акатистни химни кон Царицата
- 8 март 2025
-
-
-
Чист Четврток - во светлината на Покајниот Канон
- 6 март 2025
- Најчитани објави
-
-
-
Умилителната Вечерна на проштавањето во Бигорски
- 3 март 2025
-
(Видео) Чист Вторник
- 4 март 2025
-
-
Прва недела од постот – Торжество на Православието
- 10 март 2025
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022