Во пресрет на Христовото Воскресение – Велигден, во Бигорскиот манастир пристигна Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов со сво
јата сопруга, г-ѓа Маја Иванова, сакајќи со браќата и сестрите и со многубројниот верен народ да ја споделат пасхалната радост и големата благодат што ја носи овој празник над празниците. Тој беше пречекан со големо достоинство од страна на нашиот старец, архимандрит Партениј, кој од името на целото братство му посака добра Пасха. Претседателот ќе ја има таа можност и чест да го пречека Благодатниот оган, кој и оваа година во организација на Бигорскиот манастир пристигнува од далечниот Ерусалим, од Гробот Господов, каде секоја година слегува на Велика Сабота. Освен во Бигорскиот манастир, на барање на митрополитот Иларион, Благодатниот оган им донесе благослов и на верниците од Брегалничката епархија, како и на сите оние кои по пат го пресретнаа, додека пристигнуваше во нашата света обител. Голема радост ни е што нашиот многупочитуван Претседател ќе присуствува на Пасхалното бдение и заедно со нас ќе се поклони на сеславното и најсвето Воскресение на Спасителот Исус Христос.
-
Фолтин, и љубовта со данок на додадена вредност
- 30 август 2026
-
Величествено Успенско бдение во Пречиста
- 29 август 2026
-
-
Кога височините стануваат храм – Евхаристија на Голем Крчин
- 24 август 2026
-
Шести Летен камп по Вероучение
- 24 август 2026
-
Соопштение за празникот Успение
- 24 август 2026
- Најчитани објави
-
„Затоа што Целата беше молитва“
- 21 август 2026
-
Во молитвената прегратка на Царицата Мајка во Ростуше
- 21 август 2026
-
Соопштение за празникот Успение
- 24 август 2026
-
Кога височините стануваат храм – Евхаристија на Голем Крчин
- 24 август 2026
-
Шести Летен камп по Вероучение
- 24 август 2026
-
Фолтин, и љубовта со данок на додадена вредност
- 30 август 2026
Житија на светителите
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











