Деновиве Свештената Бигорска Обител „Свети Јован Крстител“ беше наградена со благодарница од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, кој претставува граѓанска, родителска, национална инвалидска и непрофитна организација што ги застапува правата и интересите на повеќе од 20.000 лица со интелектуална попреченост во земјава. Благодарницата на нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј и на нашето братство му ја доделува огранокот на „Порака“ во град Дебар, за долгогодишната соработка и континуираната помош од страна на Манастирот. Благодарницата во Бигорски ја донесе претседателот на дебарското здружение г. Беким Аме, а од името на нашиот Владика г. Партениј ја прими монах од нашето братство.












