Денес, кон празничното славење на Преподобниот Нектариј се придружија и околу 70 – тина најмали верници од Охрид, кои со своето весело расположение уште повеќе го разубавија и онака благодатниот амбиент на нашите две Обители. Беше толку прекрасно да се види како за миг манастирските дворишта се исполнија со насмеани детски лица, додека наоколу оддекнуваше нивната чиста и искрена молитва преточена во песна кон Богомладенецот Христос, уште сега најавувајќи го Неговото преславно Рождество. Оваа нивна од срце испеана Божикна каланда беше најубав подарок за нашиот Старец и за братството и сестринството, а детската незлобивост што извираше од нивните очи, нѐ исполнија со голема надеж дека по нивните чисти молитви Господ ќе ја благослови оваа наша света татковина и ќе ја заштити од сите искушенија и непријателски сплетки.
- Ознаки:
- Деца
Поврзано
Светлиот петок светло прославен во Пречиста Кичевска
- 18 април 2026
Да станеме живоносни извори за нашите ближни
- 18 април 2026
Света Пасха – трет ден во Рајчица
- 15 април 2026
Светол понеделник: Пасхална литија и водосвет
- 14 април 2026











