Песнопенија за Страданијата Христови

Со благослов и иницијатива на нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, оваа година се реализира уште еден музички проект што се однесува на Страданијата Господови и на Воскресението.

Имено, станува збор за музичка и лирска изведба на неколку песнопенија од богатата ризница на православната Црква за Страсната Седмица, аранжирани од г. Горан Трајковски. За составот на изведувачи се погрижи г. Петар Христов, а во него влегуваат: вокал – Ана Митоска, понтијска лира и ребап – Дарко Фурнаџиски, кларинет – Петар Христов, лаута – Горан Дукоски, контрабас – Кристијан Кожумановски, аудио снимање и монтажа: Ивица Јанкуловски. Концертот се реализираше со помош на Телевизија „Канал5“, во чиешто студио е и снимен, со најголема заложба на директорот г. Иван Мирчевски и г-ѓа Марија Саздева.

Во концертот влегуваат следниве композиции: „Денес виси на Дрво“, „Живот си, Христе“, „Достојно е, Животодавче“ и „Народите сите“.

Старецот и Владика г. Партениј Бигорски и нашето братство срдечно им се заблагодаруваат на сите учесници во ова прекрасно и боговдахновено музичко дело, со кое се дава значителен придонес во македонската музичка сцена, за општ благослов на целиот народ!