“ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!” – Нова Божикна каланда, со видео запис во изработка

Деновиве, на голема радост на сите, во прекрасните предели на славниот Галичник и во манастирските одаи на Бигорската Обител, со благослов на нашиот Старец, епископот Антаниски Партениј, а во соработка со здружението „Бадникови поворки“, се подготвуваше уште еден видео запис за новата Божикна каланда “ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!”

Оваа музичка творба потекнува од широките балкански простори од времето на Ромејското Царство, Византија и се пеела меѓу мијачкото население, заради што и сегашната верзија е отпеана токму на познатиот мијачки дијалект. Нејзиниот народен мелос, пак, е карактеристичен за нашите простори, како и за богатата традиција која сме ја сочувале како наследници на ромејската култура и духовност.

Коледарските песни, каландите, се пееле во периодот од Бадник до Василица, односно со нив се прославувал и почетокот на Новото лето Господово, кој е, секако, поврзан со Раѓањето на Спасителот Христос.

Екипата, која со огромна љубов, радост и посветеност се собра за да го оствари овој историски потфат во чест и спомен на богатиот творечки дух на Мијаците, на нивната вера и ревносна борба за зачувување на православната вера и традиција и во најтешките времиња, е во состав на: 

Режија – Дејан Пројковски

Директор на фотографија – Горан Наумовски

Монтажа и камера оператор – Стојан Стојановски, Кристијана Ангелоска

Продукција – 2С Студио: Јасмина Колоска, Стојан Стојановски

Изведба: „Љубојна“ во соработка со Традицискиот оддел при ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”;

Пејачи: Анастасија Илиевска, Матеј Тушевски и Стојанче Костов;

Инструменталисти: Благојче Трајковски – кларинет, Тимко Чичаковски – канон, Петар Христов – кларинет и византиска лира, Оливер Настовски – ут, Игор Милевски – виолина, Оливер Јосифовски – византиски контрабас, џумбуш, византиска лаута, перкусии, контрабас.

Снимање, миксање и мастеринг: Студио „Подрумот“

Музички инжинер: Ангел Ќосев

Аранжман: Оливер Јосифовски

Учесници: Љубојна, актер – Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти.

Голема благодарност до:

Стручен соработник – Антонио Стојчески, Хотел Неда – Галичник, Ансамбл Орце Николов – Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос – Ване Наков, Ансамбл Македонија – Владо Јаневски, Александар Костиќ – Претседател на месна заедница Галичник, шминка Марга Миновски.

Во исчекување на новиот Божикен подарок…