Денеска во неформална посета на Свештената Бигорска Обител дојде нашиот некогашен собрат, почитуваниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, заедно со директорот на Комисијата за односи со верските заедници, г. Даријан Сотировски, кои враќајќи се од пат, решиле да ја посетата нашата Светиња.
Ценетите гости беа љубезно пречекани од нашиот Старец и Игумен, Епископот г. Партениј, кој со радост ги прими во својот кабинет, каде разговараа за тековните работи во Манастирот и за претстојниот голем јубилеј – 1000 години од основањето на Свештената Бигорска Обител.
Во оваа прилика, нашиот Старец и Владика му подари на своето духовно чедо, Митрополитот Јосиф, еден прекрасен архијерејски жезол, во знак на благодарност за неговата почит и љубов.