Деновиве нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, доби на дар еден редок и прекрасен поклон: филигранска архијерејска панагија. Овој уникатен дар на Старецот му го принесоа неговите духовни чеда Илче и Катерина, Софија, Наум и Димитриј Каневчеви од Охрид, во знак на почит и благодарност за неговата татковска љубов кон сите негови духовни чеда.
Епископската енколпија е рачно изработена од мајсторот Митко Укоески, во техниката филигран, а украсена е со преубави македонски рубини. На средина има рачно нацртана икона на Мајката Божја со Нејзиниот Син, Господ Исус Христос во рацете.
Срдечно му благодариме на благочестивото семејство Каневчеви за нивната почит и љубов кон нашиот старец и владика. Господ Бог да ги благослови нивните добри дела!