Посета на Архимандритот Порфириј од Бер

Изминативе два дена Света Бигорска Обител се удостои со голема радост поради посетата на нашиот долгогодишен пријател, отец и брат во Христа, Висoкопреподобниот Архимандрит г. Порфириj, игуменот на Скитот на Чесниот Претеча во Бер, Р. Грција. Игуменот Порфириj, кој допатува кај нас со уште двајца свои прекрасни браќа монаси и едно мирско духовно чедо, беше пречекан со торжествен манастирски свечен пречек од нашиот Старец, Архимандрит Партениј, и целото бигорско братство. Во таа прилика нашиот Старец му упати поздравно слово на ценетиот гостин од манастирот каде што се чува свештената глава на Св. Климент Охридски.

Трогнат од љубовта на Старецот и нашето братство, Архимандритот Порфириј возврати со, исто така преполн со љубов и најискрени чувства одговор на поздравното слово.

Нашите возљубени гости, кои преноќеваа во Манастирот, имаа доволно време да се запознаат со сите негови содржини, но и да присуствуваат на денешната богослужба.