Посета на г. Андреј Куку

Во светлиот ден на Педесетница и слегувањето на Светиот Дух, нашата свештена обител ја посети многупочитуваниот господин Андреј Куку, директор на нафтената компанија Лукойл Македонија, заедно со својата сопруга, госпоѓа Марија Куку.

Ценетите посетители беа примени од страна на нашиот игумен, Архимандрит Партениј. Во таа прилика, Старецот му го врачи на господинот Куку одличието „Претеча“, кое што му беше доделено при свеченото осветување на Горни и Источен Палат, а на кое од оправдани причини тој не можеше да присуствува.

Господинот Андреј Куку е еден од најголемите добротвори на нашиот свет манастир.