И годинава, како и лани, Светата Светлина, т.е. Благодатниот Оган од празниот Христов Гроб во Ерусалим, пристигна во нашата земја преку авион од братска и православна Грција. Од скопскиот аеродром, Благодатниот Оган, со благослов на нашиот старец и владика, Епископот г. Партениј, беше донесен во Бигорскиот Манастир од страна на јеромонах од нашето братство, во придружба на неколку духовни чеда на Старецот.
Ова е веќе тринаесетта година како Светата Светлина ги озарува верните собрани во Бигорската Обител за торжествената богослужба на Пасха, откако, почнувајќи од 2009 година, со заложбите на нашиот Старец г. Партениј, Благодатниот Оган редовно пристигнува во земјава пред Велигден.