Соопштение за Светата тајна исповед

Возљубени духовни чеда на Свештената Бигорска Обител,

Поради пандемијата на коронавирусот и во согласност со државните мерки за нејзино спречување, ве известуваме дека нашиот Старец, Архимандрит Партениј, во текот на овој Велик Пост нема да биде во можност да оди во градовите за вршење на Светата тајна исповед.

Сите негови духовни чеда, како и чедата на другите јеромонаси-исповедници од нашата Обител имаат благослов да се причестуваат во текот на Светата Четириесетница, доколку имаат можност за тоа, а ќе се исповедаат откако, со Божја помош, ова искушение ќе се надмине.

Ви посакуваме и се молиме богоугодно да го поминете остатокот од Постот, и сите заедно да се удостоиме да се поклониме на светото Христово Воскресение, во полнота на Неговата радост!