Црквата на Бугарија доби нов Патријарх

Извор:

Вчера, на 30 јуни, Патријаршискиот изборен собор на Православна Црква на Бугарија за нов Патријарх го избра досегашниот Видинскиот митрополит г. Даниил.

Изборот се одржа во два изборни круга со 138 избирачи од епархиите од целата земја.

По првиот круг на гласање, Врачанскиот митрополит Григориј доби 64 гласа, Видинскиот митрополит Даниил – 51 глас, а Ловчанскиот митрополит Гаврил – 19 гласа. Четири од гласачките ливчиња биле неважечки.

Според Статутот на БПЦ, бидејќи ниту еден од кандидатите не доби мнозинство од 2/3 од гласовите, се премина на повторно гласање во вториот круг.

При повторното гласање, во вториот круг со 69 гласа за Бугарски патријарх и Софиски митрополит беше избран досегашниот Видински митрополит Даниил. Врачанскиот митрополит Григориј доби 66 гласа. Три од гласачките ливчиња биле неважечки.

На Божествената Литургија на која се одвиваше востоличувањето на новозбраниот Патријарх присуствуваше и Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј со јерарси од Вселенската Патријаршија. Претставници, пак, откај нас беа Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

Братството на Свештената Бигорска Обител, предводено од Преосвештениот Епископ Антаниски г. Партениј, му честита на новоизбраниот бугарски Патријарх г. Даниил, посакувајќи му благодатни сили, мудрост и просветление откај Бога, за правилно да го распространува словото на вистината. На многаја лета!