Грузиската Патријаршија ја поддржува автокефалијата во Украина

Извор:

Изгледа дека Православната Црква во Грузија ќе ја признае новата автокефална Црква во Украина, возглавена од Митрополит Киевски г. Епифаниј.

Денес, четврток 27 декември, во Тбилиси заседаваше Светиот Синод на Грузиската Патријаршија, под претседателство на Патријархот Грузиски г. Илија.

Според митрополитот Цилкански и Душетски г. Зосима, Светиот Синод гледа позитивно на украинската автокефалија.

„Грузиската Црква ја поддржува автокефалијата,“ изјави карактеристично митрополитот г. Зосима, на прашањето за ставот на Грузиската Црква во врска со автокефалијата во Украина.

Сепак, митрополитот наведува дека конечната одлука на Грузиската Црква ќе биде донесена во јануари, штом биде доделен томосот на митрополитот Епифаниј од страна на Вселенскиот Патријарх.