Константинопол ги објави доказите за правото на украинска автокефалија

Извор:

Неколку часа по одлуката на Украинската Црква (МП) да прекине општење со Вселенската Патријаршија на епископско ниво и да ја обвини за незаконски упад на нејзината канонска територија, Константинопол одговара на заглушувачки начин, објавувајќи голем дел од архивата поврзана со историскиот тек на Украинската Црква од периодот на крштевањето на Киевска Рус до денес.

Се работи за труд на грчки и руски стручњаци, кои имајќи пристап до оригиналните текстови, до архивата на Патријаршијата и преписката низ вековите, ги покажале и докажале сите аргументи на Цариград, а кои во последните години Москва ги негира и ја обвинува Вселенската Патријаршија за „упад“ во нејзината канонска територија.

„Според ова, се смета за неопходно Вселенската Патријаршија да ги потсети сите на историската и канонската вистина за врската на Константинополската Црква со Украинската Црква, како што таа произлегува од сочуваните официјални документи, кои, за жал, или остануваат непознати, или намерно се сокриваат од разбирливи причини,“ се вели во воведниот текст на студијата, која го претставува целиот тек на Украинската Црква.

Од овој текст, а особено од првообразните текстови, кои за прв пат се објавуваат, Вселенската Патријаршија ја покажува каноничноста и законитоста на својата јурисдикција во Украина, додека карактеристично наведува дека „прекршувањето и незапазувањето на одредбите на Патријаршискиот и Синодален Акт од 1686 година од страна на Московската Патријаршија, Вселенската Патријаршија, поради неповолните историски прилики во кои се наоѓа, ги толерираше и ги премолчуваше, но никогаш не ги отпиша или заборави“.

Целиот текст на грчки јазик можете да го прочитате овде.
Наскоро ќе следува и превод.