Папата Франциск ги објави Коптските Православни маченици за Светии на Христијаните

Извор:

Папата Франциск го пофали храброто исповедање на 21-те Коптски православни Христијани кои беа убиени од ИДИЛ во 2015 година, нарекувајќи ги ,,Светии на сите Христијани‘‘.

Во својата видео порака за ,,Денот на современите маченици‘‘ Папата изјави:

Со љубов го чувам во своето срце тоа крштение во крв на оние 21 маченик кои беа крстени како Христијани со водата и Духот. Му благодарам на Бога, нашиот Отец што ни ги даде овие браќа, Му благодарам на Светиот Дух што им даде сила и решителност да Го исповедаат Исус Христос до таму што ја пролеаа својата крв. Им благодарам на епископите, свештениците, на сестринската Коптска Црква што ги одгледа и ги научи како да растат во верата. И, им благодарам на мајките на овие млади луѓе кои ги однегуваа и им ја всадија верата“

Папа Франциск

Папата Франциск ја испрати оваа видео-порака до Коптската Православна Епархија на Лондон за да им оддаде почит на овие современи маченици Христијани.

Во пораката понатаму стои: ,,Тие заминаа да работат во туѓина за да ги издржуваат своите семејства; обични луѓе, татковци на фамилии… тие се нашите Светии, Светии на сите Христијани, Светии на сите Христијански вери и традиции.‘‘

Папата заклучи дека: ,,од нивната едноставна, но, непоколеблива вера, тие го примија најголемиот дар што може да го прими еден Христијанин, да станат сведоци на Исуса Христа со тоа што ќе го положат својот живот за Него.

На крај папата им се заблагодари на 21-те маченици за нивното исповедништво и Му упати благодарност на Христос, Кој е “толку блиску до Својот народ и никогаш не го заборава. Ајде да се помолиме денес заедно во спомен на овие 21 Коптски маченици, нека се молат за нас пред Отецот, Амин”.