Подарок за Старецот: комплет пасхални енколпии

Во текот на пасхалните торжества и серадосното ликување за Воскресението Христово, нашиот возљубен Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, беше награден со уште еден прекрасен подарок од свои духовни чеда: комплет архијерејски енколпии со претстави на Распетието и Воскресението Христово.

Станува збор за посебни пасхални енколпии, изработени во Грција, а подарени на Старецот од неговите долгогодишни духовни чеда Деса Спироска од Скопје и Лиле Петрушевска од Битола со нејзиното благочестиво семејство – моментално населени во САД. Овие убави архијерејски обележја Деса и Лиле му ги подарија на Владиката г. Партениј во знак на благодарност за неговата пастирска духовничка грижа и за татковската љубов со која долги години ги води во благодатните води на духовниот живот во Христа.