Пловдивскиот митрополит Николај се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Извор:

На 4-ти јуни, Пловдивскиот митрополит Николај ја посети Вселенската патријаршија и се сретна со Константинополскиот патријарх Вартоломеј.

Митрополитот Николај беше придружен од Величкиот епископ Сиониј, игумен на Тројанскиот и на Бачковскиот манастир, и Знеполскиот епископ Арсениј, како и од клирици и мирјани – негови сотрудници. Тој ја изрази својата почит кон Вселенскиот патријарх, изразувајќи чувства на преданост и почит кон мајката-црква во Константинопол, како и лично кон патријархот, се вели во официјалното соопштение на Вселенската патријаршија. За време на срдечната средба биле разгледани актуелни црковни проблеми.