Гарчани благодарни на монасите од Бигорски за расчистувањето на снегот

Жителите од дебарското село Гари, област Мала Река, искажаа огромна благодарност до игуменот на Бигорскиот манастир, Анхимандрит Партениј со чиј благослов  монасите од бигорското братство им излегле во пресрет и го деблокирале селото кое повеќе денови било завеано во снег.

Во селото, според Ѓорѓи Петрушевски, има четиресетина лица, меѓу нив и деца, кои главно живеат во Скопје, но тука во татковските огништа се дојдени за Божиќните празници и за празникот Водици.

Останавме завеани повеќе денови. Побаравме помош во општина Дебар, но иако ни ветија, помошта не дојде. Потоа се обративме кај отец Партениј, кој веднаш се согласи да ни помогне. Испрати трактор со плуг и петмина браќа од монашкото братство. Заедно со нас неколку лица кои помагавме со лопати, со максимално шестчасовно ангажирање, од 21 часот до три часот наутро, беше одблокрано селото“, вели Петрушевски кој е годинешен кум за Водици.

Според него пробиен е патот од кракот кај Јански Мост до средсело или повеќе од илјада метри каде дебелината на снежната покривка била над 60 сантиметри.

Исто така, монасите помогнале  и во расчистување на селските улички.

По деблокирањето на патот во текот на денешнот ден во Гари присигнуваат и други лица по потекло од Гари, традиционално да го одбележат празникот.