Посета на директорот на КОВЗРГ

Во пресрет на Божикните празнувања, денес во посета на Светата Бигорска Обител дојде директорот на Комисијата за односи со верските заедници, почитуваниот г. Даријан Сотировски. Тој беше срдечно примен на средба со нашиот старец и игумен, Епископот Антаниски г. Партениј. Директорот и Старецот разговараа за повеќе црковни теми, како и за неодамнешната промоција на книгата за Архиепископот – возобновител, блаженоупокоениот Доситеј. Исто така тие си посакаа убави и радосни празнувања во претстојниот период.