Бигорскиот манастир срдечно го пречека во својата живописна прегратка директорот на Агенцијата за иселеништво, г-динот Слободан Близнаковски. Негова посета беше поттикната од еден навистина прекрасен повод – тој ја искористи можноста на нашиот сакан Старец и игумен, епископот Антаниски Партениј да му врачи благодарница за неговиот несебичен ангажман во досегашната плодна соработка со Агенцијата. Имено поттикнат од бројните активности на нашиот владика за унапредување на дијаспората, раководителот на Агенцијата посака да ги сподели со него радоста и задоволството од досегашните постигнувања, и да ги зацврсти темелите за понатамошна уште поголема соработка. Во пријатен разговор со бигорскиот игумен, тој го искажа восхитот од големото дело што манастирот го прави со нашите луѓе во дијаспората и ја понуди својата помош и поддршка за сите идни богоугодни проекти што го имаат за цел духовниот и културниот просперитет на нашиот народ, и овде во земјата и надвор од неа.
Поврзано

Јубилеј на љубовта и подвигот во Христа
- 21 февруари 2025

Благодарности од духовни чеда
- 20 февруари 2025

Три децении монашко служење и духовно татковство
- 20 февруари 2025

Апостолски благослов за љубовта во Христа
- 12 јули 2022