Апел до јавноста

Ги молиме сите добронамерни луѓе кои сакаат да го помогнат свештениот Бигорски манастир, Св. Јован Крстител, тоа да го сторат преку следната манастирска жиро сметка:
500-000000-3835-65 Стопанска Банка А.Д. Битола
и на броевите за донации од сите мобилни оператори:
070/075/077 143 444.

За жал, забележано е дека на територијата на Скопје и во други градови од нашата земја, се појавиле одредени личности – измамници, кои во име на манастирот продаваат икони, календари, крстови и други црковни предмети.

Ве предупредуваме, немојте да дозволите да бидете изманипулирани од вакви личности и доколку тие се појават пред вашиот дом, или Ве сретнат и побараат од Вас донација за Бигорскиот манастир, апелираме ваквите случаи да ги пријавите на тел:
070 342 970 – кај отец Доситеј или во најблиската полициска станица.