Соопштение за промена во богослужбената програма

Се известуваат верниците и благочестивите поклоници на Бигорскиот манастир дека бденијата наспроти неделите и празниците во зимниот период ќе започнуваат во 19 часот, наместо во 20 часот според досегашниот обичај. Нека се забележи дека напролет повторно ќе важи старата програма.