Канонизирани Старците Ероним Симонопетриски и Софрониј Сахаров

Извор:

Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, откако доби позитивна препорака од Комисијата за канонизација, донесе одлука да го канонизира Старецот Ероним Симонопетриски, како што беше најавено за време на неодамнешната посета на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј на Света Гора. Свети Ероним Симонопетриски беше игумен ан Симонопетрискиот манастир, како и економ и духовен татко на метохот посветен на Светото Вознесение во Вирон, Атина.

Вселенскиот Патријарх исто така го канонизира и архимандритот Софрониј Сахаров, игумен и основач на патријаршискиот ставропигијален манастир, посветен на свети Јован Крстител во Есекс, Англија.