3120

Отворен древниот манастир „Св. Јован Крстител“ крај реката Јордан

Извор:

Пред само неколку дена, повторно за поклониците беше отворен древниот и историски манастир, посветен на Св. Јован Претеча и Крстител Господов, кој е сместен во регионот Вита-Вара што се наоѓа недалеку од градот Ерусалим.

Тоа е местото каде што, според преданието, се случило самото Крштение на Господ Исус Христос од раката на Св. Јован Крстител, но и точката каде што Израилскиот народ, воден од Исус Навин, ја преминал реката Јордан за да влезе во ветената Хананска земја.

Во почетокот, кога се ширело Христијанството, на ова место се наоѓала и пештерата каде што живеел Св. Јован Крстител.

Манастирот „Свети Јован Крстител“, е основан од благоверната царица Елена во периодот кога таа ја обиколувала Светата Земја (325-335 година од раѓањето Христово). Тој бил разрушен и низ вековите неколку пати обновуван.