Патријарх Даниил: Христијанките се пример за вера и храброст во искушенијата

Извор:

Христијанките се пример за вера и храброст во искушенијата

Во пресрет на Неделата на мироносиците, неговата светост Романскиот патријарх Даниил, ја изрази својата благодарност кон христијанските жени, нарекувајќи ги „пример за вера и храброст во искушенијата“.

Во пораката тој ги потсети верните за Мироносиците, кои дојдоа на Христовиот Гроб покажувајќи голема храброст и сведоштво. И бидејќи нивната љубов беше поголема од стравот, мироносиците покажаа поголема вера во Бога од апостолите. Во тој контекст, Романскиот патријарх ги благослови и денешните христијанки коишто ја покажуваат истата пожртвуваност и храброст во своите семејства и во општеството, воспитувајќи ги децата и грижејќи се за старите и изнемоштените:

И денес во нашите општества, побожните и вредни христијанки се трудат неизмерно, исполнети со грижа и љубов за оние што страдаат во болниците и институциите за социјална грижа. Освен тоа, ја презеле на себе тешката задача за духовно воспитување на децата, и како мајки и сопруги, внесуваат мир и радост во своите семејства и во општеството. Особено се поклонуваме на жртвата на христијанките кои како медицински персонал предано и вредно служат во борбата против денешната пандемија. Во пресрет на Неделата на мироносиците го испраќаме својот благослов до оние што со својот вреден труд придонесуваат за подобар живот на сите и им посакуваме добро здравје, многу мир и света радост за уште долги, долги години!

† Даниил
Патријарх на Романската Православна Црква

Фотографија: Raluca Ene / Basilica.ro