Во Ирак Божик прогласен за државен празник

Извор:

Ирачката Влада усвои закон со кој 25 декември – Божиќ, се прогласува за државен празник во целата земја „по повод раѓањето на Исуса Христа“, како што изјави претставник на Владата.

Од Кабинетот беше изгласан и амандман на законот за државни празници во земјата, според кој Божик е празник за сите Ирачки жители, а не само за христијанската заедница, како што беше децении наназад.

„Среќен Божик на сите христијански жители, на сите жители на Ирак и на сите оние што го слават овој празник во светот“,

гласеше честитката на ирачката Влада.

 

Пред освојувањето на Ирак во 2003 година, имаше околу 1.4 милиони христијани во земјата. Сепак нивната бројка се намали на само 300 000, откако стотици илјади ја напуштија земјата, принудени од насилството и нападите на разни терористички групации низ годините.

 

Повеќе фотографии и видео на официјалната страна на CNN