Заврши повеќедневниот молитвен планинарски подвиг до Рилскиот манастир

Извор:

Учесниците во литијата наречена „Рилскиот чудотворец“, пред неколку дена пристигнаа на својата цел, манастирот Св. Јован Рилски. Ова е веќе десетта година, откако се организира ваква литија од Софија до Рилскиот манастир, во спомен на преносот на моштите на св. Јован Рилски од Трново до споменатиот манастир. Годинава над 150 луѓе зедоа учество и успешно го поминаа патот преку трите планини Витоша, Верила и Рила, поткрепувани од молитвите и богослужбите што цело време се правеа додека траеше патувањето. Пристигнувајќи во манастирот учесниците присуствуваа на празничната Литургија по повод Преображението Христово и после посетата на гробот на св. Јован Рилски се вратија во своите домови.

Годинава беше забележливо присуството на повеќе млади луѓе, па дури и најмладите зедоа учество во овој молитвен планинарски подвиг.