Нови осветувања во епархијата

На 28 мај на празникот на преподобен Пахомиј Велики и св. Ахил Лариски, во манастирот св. Јован Бигорски се изврши осветување на обновениот и доизграден гостоприемен конак, т. н. Долни Палат. Чинот на осветување го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со надлежниот митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, митрополитот Брегалнички г. Агатангел, викарниот епископ Хераклејски г. Климент, и со бројно свештенство и свештеномонаштво од епархиите на присутните владици. Овој манастирски конак претставува архитектонско бисер-дело во позначајната историја на Македонската православна црква. Конакот е доизграден и обновен според зачуваните фотографии на поранешниот конак, кој бил опожарен во првата деценија на ХХ век. Во исто време, неговата архитектонска изведба, придружена со веќе постоечките манастирски објекти, според убавината и функционалноста со право го вклучува во редот на Светогорските манастири.

Свештеник: Игор Никовски