Прославена 2000 – годишнината од раѓањето на патронот

Во манастирот Свети Јован Крстител – Бигорски Прославена 2000 – годишнината од раѓањето на патронот

На 7 јули (Иванден), во манастирскиот комплекс „Свети Јован Крстител“ (Бигорски) се одржа централната прослава во рамките на Македонската Православна Црква, во чест на 2000 – годишнината од раѓањето на патронот на ова древно светилиште, лулка на културата, просветата, уметноста, чувар на македонскиот бит и духовен центар во Западна Македонија.

По овој повод, во манастирската црква се одржа света архиерејска божествена Литургија, со која чиноначалствуваше надлежниот архиереј на Дебарско- кичевската епархија,

г. Тимотеј, во сослужение со неколкумина митрополити, епископи, свештенослужители и монаси.

Свети Јован Крстител е последен од Стариот и прв од Новиот Завет – Пророк, кој влијаел не само на неговите современици, туку и кај сите генерации, да го прифатат христијанството, преку покајанието кое е најкраткиот пат до Бога.

Киро КИПРОСКИ