Се обновува манастирот „Св. Јован Бигорски“

Со донација од страна на пратеникот и бизнисмен Трифун Костовски

ГОЛЕМИОТ конак на манастирот „Св. Јован Бигорски“ се реновира – треба да биде комплетно готов најдоцна до септември и што е мошне важно, задржан е стариот стил. Отец Сергиј, монах во манастирот, вели дека конакот што уште го нарекуваат и гостински бил изграден пред 200 години и таму живееле 70 монаси. Овој верски објект бил опожарен во 1912 год., од страна на окупаторските војски, а сега се реновира со финансиска помош од пратеникот и бизнисмен Трифун Костовски. Костовски е главниот донатор, а реконструкцијата ја помогнале и „Мобимак“ и „Фершпед“.