10-те најзначајни настани со кои ја испраќаме 2019-та година

10-те најзначајни настани во 2019-та година



Живот рамноангелен, за слава на ангелите и пораз на демоните. Има ли поголема чест од тоа својот минлив краткотраен живот да го дадеш во залог за вечноста, служејќи Му со љубов, предано и до крај на Оној Кој претходно веќе го даде Својот живот за сите нас. На таква чест се удостоија трите Раички искушенички, Мимоза, Флорина и Христина, кои полагајќи го заветот пред небесната и земната Црква и стекнувајќи, преку раката на возљубениот ни владика, митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, благослов за живот во монашки подвиг. (Повеќе…)



Песна која е своевиден приказ на монашкото секојдневие, составена од светогорски монах, што Бигорското братство успеа да ја преведе и препее, создавајќи композиција која што плени со прекрасните стихови што ја искажуваат длабочината на монашкиот живот, и со топлата архаична мелодија успешно го пренесува мистичниот амбиент во кој живее и се движи монахот. (Повеќе…)



Во посета на Свештената Бигорска Обител, беше Претседателот на Р. Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, кој гостољубиво беше пречекан од Старецот и игумен, Архимандрит Партениј со братството.  Посетата на благочестивиот Претседател се должи на неговата лична желба одблиску да се запознае со целокупната мисија на Братството, во пресрет на илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот Манастир (1020-2020), на чијашто прослава покровител ќе биде токму тој. (Повеќе…)



Четврта година по ред како нашето братство од Бигорскиот манастир и нашите сестринства од манастирите на Светиот Победоносец Георгиј и на Богомајката Пречиста, предводени од благословот на возљубениот ни Старец, Архимандрит Партениј, со најпосебна љубов и возвишени чувства отслужија Божествена Литургија на врвот Голем Крчин (2341 м). Повеќе од 600 верници – планинари, алпинисти, спортисти – притекнаа од сите страни на нашата земја за да се искачат на овој чудесен по својата убавина врв, и таму, во пресрет на празникот Преображение Христово, да се сретнат со Добриот Бог, Кој ги исполни нивните срца со двојна радост. (Повеќе…)



Изминатиов период во Бигорскиот манастир беше изработен нов видео запис, овој пат за великопосна каланда – стара византиска песна со која нашиот народ го најавувал Великиот Пост, а која носи наслов „Сега е Свет и Велик Пост“. Нејзината цел била да ги повика сите верни да земат учество во спасоносните великопосни денови. (Повеќе…)



Веќе 10 години, возобновената Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј. На верните, што во сѐ поголем број доаѓаат на ова чудесно духовно доживување, таа им го дава одново блесокот на Пасхалната радост. (Повеќе…)



Ден на Воскресение, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!“ Се огласи громогласно радосната вест за победата над смртта, одекна пораката за надеж и живот. Се објави неисцрпната љубов на Бога, Кој ги повикува смртните кон живот во полнота, ги приведува победоносно во светот на Воскресението. (Повеќе…)



Изложба на носии на Мијаците од областите: Река, Азот и Железник, како и носии од Дебарско Поле, Голо Брдо, Дебарски Дримкол и Горна Река. Станува збор за најстари носии, коишто хронолошки можат да се следат од 17 до 19 век. (Повеќе…)



Во чест кон светиот Партениј Лампсакиски, се осветија темелите за новиот велелепен комплекс, што ќе биде подигнат на манастирскиот паркинг, од страна на фирмата „Агноандика“ и изведувачот Рединг ДООЕЛ Скопје, кои всушност, ќе го изградат проектот на Виадукт Скопје. (Повеќе…)



На самиот крај од светлото празненство на Светиот Дух, во седмицата на светата Педесетница, предобриот Бог нѐ удостои со уште една небесна радост. Имено, со благословот на нашиот почитуван владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, беа поставени крстовите на храмот на Светите Кирил и Методиј, рамноапостолните отци наши, во нивниот скит во с. Битуше. (Повеќе…)