Нова воскресна радост за Пречистанското сестринство

Во овие свети денови на Педесетницата, кога целата Вселена ликува и го празнува Воскресението Христово, и манастирот Пречиста со еден посебен настан зеде удел во небоземното торжество. Имено, во текот на реставраторските активности околу покривот на храмот посветен на Благовештението на Пресвета Богородица, од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј беше осветен и прекрасниот крст, изработка на руската црковна фабрика „Софрино“, кој ќе биде поставен на куполата откако реставрацијата ќе биде завршена. Архипастирската, пак, посета и благослов беше повод за уште едно радосно празнување во манастирот.

Нека силата на овој крст најпрвин им биде поткрепа и заштита на сестринството од оваа свештена Обител, нека го благослови и му даде сила на целиот наш народ, влевајќи му нови духовни сили, со кои ќе може да препознае дека ова знамение е оружје непобедливо, кое ќе ги чува Православните до крајот на сите векови. Амин.