Честитка за именденот на Архимандрит Партениј од г-ѓа Валентина Божиновска директор на Комисијата за односи со верските заедници

Спомен на Св. Партениј Лампсакиски Чудотворец

Во текот на денешниот ден добивме телеграма со честитки од г-ѓа Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Р. Македонија, по повод именденот на нашиот Старец, Архимандрит Партениј. Телеграмата ви ја пренесуваме во целост:

Телеграма со честитки

Вископреподобни оче,

Дозволете ми во овој свечен миг, на денот кога Македонската Православна Црква го празнува споменот на големиот православен светител – Преподобен Партениј Лампсакиски, да Ви упатам срдечни честитки по повод Вашиот именден.

Вашата богослужба како и Вашата голема љубов кон литургискиот живот, желбата да се помогне и да се излезе во пресрет на потребите на што е можно поголем број верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, претставуваат духовен подвиг и даваат вистински пример за тоа како еден духовен пастир треба да го сака и почитува својот народ како свое духовно чедо.

Ви посакувам многу здравје, уште долги години да го славите овој ден и мудро и верно, како и досега, да ги водите нашите верници кон богоугоден живот исполнет со многу љубов.

На многаја и благаја лета, високопреподобни оче Партение!

Директор

Проф. д-р Валентина Божиновска