Kнижевната колонија во Бигорски

Св. вмч. Пантелејмон и свети Седмочисленици

Во овој радосен и благодатен ден, кога го чествуваме споменот на светите, славни и рамноапостолни Седмочисленици, татковците на словенската писменост, Бигорската свештена обител беше средиште на еден прекрасен настан од областа на македонската книжевност. Како и во претходните години, така и во овој август, Галичката книжевна колонија го имаше својот завршеток во Бигорскиот манастир. Оваа, деветнаесетта по ред, книжевна средба на нашите истакнати поети, но и на песнотворци од соседните земји, донесе нови прекрасни стихотворби, вдахновени од љубовта кон Бога и од Кирилометодиевската писмена традиција. Дел од нашето братство, заедно со присутните гости имаа можност да се насладат од поезијата на петнаесетина автори и да се запознаат со текот на најновата македонска поезија.