Возљубени наши читатели,
Пријатели, почитувачи, браќа и сестри,
Со особена радост ве известуваме дека во петок, на 15 април, во 20 ч. ќе се одржи онлајн премиерата на новиот документарен филм за Светата Бигорска Обител, насловен како „1000 години – Сведок на Светлината“.
Емитувањето на филмот ќе се одвива на националниот телевизиски канал на МРТВ, како и на официјалниот YouTube профил на Бигорскиот Манастир, со почеток во 20 ч.
Прекрасниот документарец е авторско дело на режисерот Илија Ико Каров, а повеќе информации можете да видите на официјалната веб-страницата на филмот.
Не пропуштајте да ги видете таинствените убавини на Бигорски прикажани од еден друг агол…