Хуманоста за Јоце не познава граници

…Почетоците се обично застрашувачки, а краевите тажни, но не и во овој случај. Позитивниот став можеби не може да ги реши сите проблеми, но може да поттикне доволно луѓе за сето ова да стане вредно за вложениот труд и напор.

Никогаш не се запрашуваме за значењето на животот додека сме среќни и задоволни, но во овој момент се прашувамe и потребна е таа хумана моќ и поддршка. Потребна е таа трошка радост да го исполни во целост мојот душевен мир.

После 24 годишна макотрпна и тешка борба, јас и моето семејство сме на граница на експлозија од среќа. После сè, ПРОГРЕС за мене… Добив покана од Руската Клиника ” Neuro Vita” за примена (пресадување) на матични клетки, која овозможи мојата диjагноза ”церебрална парализа” да стане излечива. Јас сум инвалид во количка, не можам сам да се движам, освен со патерица од едната страна и некој да ме држи од другата.

Јоце има огромен напредок, почна да се движи со дубак во двор, има подобрена кондиција, подобра рамнотежа, гази цврсто со цело стапало, и прави се што претходно не можел (се мие сам, се облекува, јаде, ги извршува сите лични потреби сам) …. Во декември (после долга пауза од скоро една год.) треба да замине на последниот 7-ми третман во Москва кој чини 10 800 ЕУ кои за жал овој пат најтешко ни оди во собирањето,повеќе не сме во можност ниту да организираме некој концерт, бидејќи нашата борба трае долго. Ние како семејство не смееме да дозволиме да го оставиме мојот брат на пола пат,скоро пред целта, бидејќи е многу блиску до тоа да прооди самостојно и ние секако се надеваме на најголем успех за него. Ве молам ако можете помогнете ни уште еднаш.

Затоа ве замолувам доколку сте во можност да донирате на следниве жиро-сметки:

*Стопанска банка АД – Скопје: трансакциска сметка 200000207845578

*Комерцијална банка АД – Скопје: бр.на сметка 300007071578620

*NLB Тутунска банка – Скопје: трансакциона сметка: 210-5016352013.14

Донации од странство:

* NLB Tutunska Banka – AD Skopje, Vodnjanska no. 1, 1000 Skopje
IBAN Code MK07210501635201314
SWIFT TUTNMK22
Jovica Blazevski
ul.Vlae br 55 Karposh, Skopje
R. Macedonia

Хуманоста не познава граници!!!