Претседателот Пендаровски ќе додели Орден за заслуги за државата на Бигорскиот манастир

Почитувани наши читатели

Денес напладне, во 12 часот, во Претседателската резиденција на Водно, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот Манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање. Се очекува на свеченоста свое обраќање да имаат македонскиот претседател Пендаровски и нашиот старец и игумен Епископот г. Партениј, а ќе настапи и бигорскиот монашки хор. Целата свеченост ќе биде во живо пренесувана на нашата Facebook страница, како и на нашиот YouTube канал.