Пренесени моштите на Старец Јосиф Ватопедски

Извор:

Во особено емотивен амбиент и духовна преисполнетост, вчера (20 октомври 2021 година), се изврши откопувањето на моштите на блажениот отец наш Јосиф Ватопедски, Старец и игумен на ватопедското братство и нов ктитор на манастирот Ватопед, и тоа 12 години после неговото упокојување. 

На откопувањето на моштите присуствуваа повеќе митрополити и духовници на Грчката православна црква, како и голем дел од атонското монаштво, кое го имаше исполнето дворот на манастирот Ватопед. 

Попладнето беше отслужена Вечерна богослужба, после која архиереите, игумените и другите отци, во поворка се упатија кон гробот на блажениот Старец, каде што беше извршено Последование за откопување на мошти.

Потоа, во придружба на умилното пеење на браќата од манастирот, гробот на блажениот Старец беше откопан и моштите многу внимателно извадени од гробот, поставени во наменски сад, за да се изврши стандардното миење со вино.

ΡΕΠΟΡΤΑΖ – ΦΩΤΟ: ΡΑΦΑΗΛ ΓΕΩΡΓΙΑΔΗΣ – ΠΡΑΚΤΟΡΕΙΟ “ΟΡΘΟΔΟΞΙΑ”