Комисијата за биоетика на ГПЦ: Во вакцините против корoнавирусот нема чип

Извор:

Месогејскиот митрополит Николај ја отфрли можноста наночип да влезе во човечкото тело преку вакцините за коронавирусна инфекција. Во улога на член на синодалната комисија за биоетика на Грчката православна црква, тој зеде учество на онлајн семинар, организиран од митрополитот на Неаполи и Ставруполи и посветен на пандемијата. Митрополит Николај објасни дека вакцините не се технологија за контрола над луѓето и не содржат „чип“, какви што погледи постојат меѓу религиозните и другите антиваксерски средини. Тој посочи дека најголемиот чип е мобилниот телефон кој преку своите апликации врши многу поголема контрола врз нас, отколку каков и да е наночип во телото на човекот.

Митрополитот Николај ги коментира и опасностите дека во процесот на производство на вакцините се ползуваат клетки од ембриони, велејќи дека Комисијата за биоетика на Грчката црква се запознала детално со етапите на производство на вакцините на „Pfiser“ и „Moderna“, при што востановила дека тоа не е вистина и дека нема морални пречки за вакцинирањето.

Митрополит Николај Месогејски

„Ако некој се вакцинира, ниту се спасува, ниту бива осуден. Истото важи и за оној што не се вакцинира“, изјави митрополитот Николај. „Нема причина да се сомневаме во научниците, коишто ги поканивме во Комисијата за биоетика, дека сакаат да нѐ прелажат. Нашиот заклучок е дека прашањето за вакцините не е богословско, ниту црковно, а е медицинско, па затоа тие се компетентни да се произнесат. Црквата не може да излегува во јавноста со антиваксерски пароли“, додава тој.

„Не треба да сме наивни, но не треба ни да сме параноични. Да се научиме да веруваме на тие коишто се специјалисти во некоја област на знаењето“.


Месогејскиот митрополит Николај (Хаџиниколау) е физичар по образование, кој заштитил докторат по астрофизика на Харвард, работел на различни  истражувачки проекти, вклучително и во НАСА, пред да се посвети на богословието и да се зафати со пастирското служење.