Мајк Помпео најавува посета на Фанар

Извор:

Во својата најава за посета на Фанар, Американскиот секретар Мајк Помпео напомна и за религиозните слободи, што предизвика големо незадоволство кај турското политичко водство. Имено според изјавата на Стејт Департментот, Помпео ќе го посети Вселенскиот Патријарх со цел „ да се разгледаат прашања во врска со религиозните интереси во Турција и во поширокиот регион и да се истакне американскиот цврст став за религиозна слобода во глобални рамки“. 

Турскиот министер за Надворешни Работи  реагираше со изјава во која меѓу другото стоеше дека е сосема несоодветен јазикот на Стејт Департментот и дека религиозната слобода во Турција е сосема запазена. При тоа додаде дека САД треба „првин да се погледнат себе си во огледало“ за да можат да „покажат сочувство за нарушувањето на човечките права во нивната сопствена земја, како што се расизмот, исламофобијата и злосторства поради омраза“. Во изјавата понатаму стоеше дека „Нашиот орговор беше детално пренесен на САД заедно со нашата препорака да се фокусираме претежно на унапредување на соработката меѓу нашите земји и на регионален и глобален план“.