Митрополитот Виницки Симеон пречекан со „браво“ во својата митрополија по обединителниот собор

Извор:

Митрополитот Симеон Виницки и Барски е еден од двајцата јерарси на Руската Православна Црква во Украина, кои лично зедоа учество на Обединителниот собор, на кој се основа новата помесна Православна Црква во Украина. Вчера, на 17 декември, тој заедно со Митрополитот Перејаславски Александар, беше расчинет од страна на Синодот на Митрополитот Онуфриј. Сепак, таа одлука не може да биде важечка, зашто на 14 декември двајцата митрополити беа примени во редот на архиереите од Вселенскиот Престол, од страна на Н.Б.С. Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј.

И покрај тоа што Митрополитот Симеон беше расчинет од својата поранешна црква, при неговото враќање во Виница вчера, тој беше пречекан со ракоплескање и извици „браво“.

Митрополитот отслужи Света Божествена Литургија и се обрати на верниот народ со зборовите: „Јас повеќе не сум епископ на Украинската Православна Црква од Московската Патријаршија. Јас веќе сум епископ на Православната Црква во Украина, обединетата.“ Во тој момент народот почна да ракоплеска и да извикува „браво“. Тоа може да се погледне и на следново видео: