Средба на Вселенскиот Патријарх со кралот Чарлс III во Бакингем

Извор:

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј вчера на пладне оствари средба со кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, во Бакингемската палата.

За време на нивната получасовна лична средба, Неговата Сесветост ги изрази и одблизу своите сочувства кон Неговото Величество за заминувањето на неговата секогаш спомнувана мајка, кралицата Елизабета II, како и најтопли желби од него и од Мајката Црква за успешно и плодоносно извршување на неговите нови високи должности.

Вселенскиот Патријарх се осврна, исто така, и на стогодишнината од основањето на Свештената Архиепископија на Тијатир и В. Британија, а имаа можност со Неговото Величество да поразговараат и за други прашања од заеднички интерес.

Веднаш потоа, Вселенскиот Патријарх ги претстави пред кралот членовите на својата синодија, Архиепископот на Тијатир и В. Британија г. Никита, и Митрополитите на Белгија г. Атинагора и на Лаодикија г. Теодорит.