Суспендирана три години од работа заради прогласувањето на хомосексуализмот за грев

Извор:

Една американска учителка од Њујорк била отстранета од наставната дејност за временски период од три години, заради својот став во врска со хомосексуализмот што таа јавно го изнела на својата фејсбук страница. Џени Нокс работела како учителка и консултант во групата за изучување на Библијата во средно школо, во округот Јунион, Њу Џерси.

Џени едноставно само го изразила отворено својот став за хомосексуализмот, објавувајќи пост против рекламниот лист на ЛГБТ заедницата, што бил залепен на прозорецот од училиштето.

„Зошто да го демонстрираат своето против природно, аморално поведение пред сите нас?“, напишала таа во постот. После ова била прогласена за неподобна учителка, и отстранета од предавањата во училиштето, без финансиски надомест.