Востоличен новиот Епископ Дељадровско-илинденски г. Јоаким

На вчерашната неделна Света Литургија, во новоизградениот храм на Светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена во општината Илинден, Скопје, беше устоличен епископот на новоформираната Дељадровско-илинденската епархија, Неговото Преосвештенство Епископот г. Јоаким.

На Божествената Литургија со којашто чиноначалствуваше Епископот г. Јоаким, сослужуваа и Митрополитот Крушевско-демирхисарскиот г. Јован, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Делчевско-каменички г. Марко, како и Црногорско-приморскиот Митрополит г. Јоаникиј, Епископот Рашко-призренски г. Теодосије и Бихачко-петровачкиот г. Сергеј.

На литургијата молитвено присуствуваа и Епископот Хераклејски г. Климент и Епископот Дремвицки г. Давид.

Нашето монашко братство, возглавено од Старецот Епископ г. Партениј, срдечно му честита на нововостоличениот Епископ Дељадровско-илинденски г. Јоаким и му посакува обилни од Бога благослови, сили и просветление, за богоугодно и доброплодно да го напасува стадото Христово во доверената му нива Господова.